останато

Кристијан Хорнер ќе го води Ф1 тимот на Ред Бул до 2026 година

Кристијан Хорнер постигна договор за продолжување на договорот со тимот на Ред Бул кој ќе го води до 2026 година.

Австриецот Хорнер, пристигна на чело на екипата во 2005 година, и во периодот до сега , тимот освои пет титули во поединечна конкуренција во Формула 1 шампионатот, како и четири титули во конкуренција на конструктори.

Во изминатава сезона, шампионскиот наслов во Ф1 му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул во една од највозбудливите трки во историјата на натпреварувањето. После оваа победа очекувано беше продолжувањето на соработката помеѓу тимот и Хорнер.


Уапсен легендарниот Жан Алези

Поранешниот Формула 1 возач Жан Алези е приведен вчера, објавија француските медиуми.

Причина за апсењето е експлозија во архитектонска работилница во Авињон, родниот град на Алези. Истрагата утврдила дека експлозивната направа ја поставило непознато лице, чиј автомобил бил снимен од надворешна надзорна камера. По проверка на бројките, стана јасно дека сопственик на автомобилот е Хозе Алези, братот на Жан. Прво бил повикан на распит, по што самиот Жан пристигнал во полициската станица за да објасни дека го користел автомобилот.

За одбележување е дека работилницата во која се случила експлозијата е во сопственост на сопругот на сестрата на Алези, кој сега е во процес на развод.

Според поранешен Ф1 пилот, инцидентот бил резултат на неумесна шега.


Кими Раиконен ја вози својата последна трка во Ф1

Финскиот возач, Кими Раиконен, ќе ја заврши својата кариера во Формула 1 со трката која се вози во Абу Даби.

Раиконен беше дел од Ф1 „циркусот“ точно 20 години. Во 2007 година ја освојува шампионската титула како возач на Ферари. Во својата досегашна кариера има остварено вкупно 21 победа, 103 пати се искачил на победничкиот подиум а 18 трки ги започна од пол позицијата.

42-годишниот Раиконен последната трка ќе ја вози во болидот на Алфа Ромео истакнува дека нема планови за иднината.

„Во моментот не размислувам за  ништо, ќе видам дали ќе се појават некои интересни понуди, но во моментот немам никакви идни планови. Радосен сум што ќе имам многу слободно време“, изјави популарниот „Ајсмен“.


Американците најавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

САД соопштија синоќа дека нема да испратат владини претставници на Зимските олимписки игри (ЗОИ), закажани во периодот од 4 до 20 февруари идната година во Пекинг, по што Кина вети „контрамерки“ на таквиот дипломатски бојкот.

„САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

Претседателот Џо Бајден минатиот месец изјави оти размислува за таков дипломатски бојкот како израз на критика за состојбата со човековите права во Кина, вклучувајќи го и тоа што официјален Вашингтон го нарекува „геноцид врз муслиманското малцинство во западната кинеска провинција Ксинџијанг“.

Администрацијата на Бајден нема да испрати дипломатски или официјални претставници на Зимските олимписки игри и Параолимписките игри во Пекинг 2022 имајќи го предвид геноцидот што се врши во Народна Република Кина и злосторствата против човештвото во Ксинџијанг, како и другите случаи на кршење на човековите права, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Пекси.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи претходно денеска на брифинг во Пекинг повика поттикнувачите да не заговараат дипломатски бојкот на ЗОИ „со цел да не влијаат негативно врз дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важните подрачја“.

Инаку, САД треба да бидат домаќини на Летните олимписки игри 2028 во Лос Анџелес.


Американката Далиа го собори рекордот на Сјостром на 100 метри пеперутка

Американската пливачка Келси Далиа го урна светскиот рекорд на 100 метри пеперутка во 25 метарски базени.

Таа во финалето на ИСЛ лигата постави време од 54.59 секунди, што беше за само две стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд на легендарната шведска пливачка, Сара Сјострем кој беше активен од 2014 година.


Прогласени најдобрите атлетичари за 2021 година

Олимписките шампиони Илејн Томпсон-Хера од Јамајка и Карстен Ворхолм од Норвешка се прогласени за атлетичари на годината на Светските атлетски награди за 2021 година, церемонија која се одржа денеска.

Томпсон-Хера ја имаше една од најдобрите спринтерски сезони во историјата, задржувајќи ги олимписките титули на 100 и 200 метри во Токио, а додаде трет златен медал во штафетата 4×100 метри. На врвот на нејзината олимписка „тројка“, таа забележа и најдобри светски времиња на трките на 100 и 200 метри од 10,54 и 21,53 секунди.

Ворхолм го имаше еден од највпечатливите настапи во историјата на атлетиката кога го освои златото на 400 метри со пречки на Олимписките игри во Токио. Откако веќе го собори светскиот рекорд со 46,70 секунди во Осло во пресрет на Игрите, Ворхолм ги надмина сите очекувања во јапонската престолнина за да го освои златото со неверојатен светски рекорд од 45,94 секунди. Во трка со неверојатна длабочина, првите тројца спортисти завршија со подобар резултат од дотогашниот светскиот рекорд.


Павлов со сребро се враќа од Светското првенство во Дубаи

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи откако загуби во финалето во категоријата до 67 килограми од Французинот, Стивен Дакост, на поени со 8-0.

Павлов го оствари најголемиот успех за Македонија на светските првенства и го надмина резултатот на  Жарко Ристовски кој во 2010 година на СП во Белград го освои бронзениот медал.

Павлов на двете европски титули во Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, сега го придодаде среброто од светските првенства. Тој двапати го освојуваше бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара во 2019 година.


Себастијан Ожие стана светски рели шампион по осми пат

Францускиот возач Себастијан Ожие, стана нов шампион во рели трките по осми пат во кариерата. Тој беше победник на релито кое се возеше во Монца после кое го постигна овој историски резултат во светот на автомобилизмот.

Повеќе титули во кариерата има остварено само неговиот сонародникот Себастиан Леб кој беше рели шампион во 9 сезони. 

Ожие изјави дека не е сигурен дали ќе го нападне рекордот на Леб бидејќи сака да направи пауза од трките и да се посвети на семејството.


Луис Хамилтон најбрз во Катар

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, е победник на трката која за прв пат се возеше во Катар. Тој на целта стигна пред големиот ривал Макс Верстапен од тимот на Ред Бул и Фернандо Алонсо од Алпине.

Со оваа победа Хамилтон ја намали предноста на Макс Верстапен во генералниот пласман за шампионската титула на само 8 поени. 

До крајот на Ф1 шампионатот остануваат уште две трки, на 5. декември во Саудиска Арабија и на 12.декември во Абу Даби.

https://twitter.com/F1/status/1462450285159325700?s=20

ЕвроТип вложува во своите вработени!

На денешната одржана обука од страна на  нашиот  менаџер од Скопје-  мр. Горан Ѓоргиевски (кој има долгогодишно искуство во областа на Човековите Ресурси), во соработка со раководителот и тимот на Човечки Ресурси произлегоа многу идеи, дискусии и желба за напредок и професионално усовршување.
На обуката присуствуваа вработени од Битола и Прилеп. Целта е да се согледа потенцијалот во секој наш вработен.

Во иднина се надеваме на многу вакви работилници и задоволни вработени до исполнување на целта.
Успешни вработени, успешен тим, успешна компанија.
Нашата приказна наречена ЕвроТип започнува од и со нашите вработени.

Голема благодарност до сите учесници на работилницата.