останато

Хамилтон за Верстапен е “глупав идиот“

Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, изрази незадоволство од односот на Луис Хамилтон за време на одржувањето на вториот трнинг од трката за Големата награда на САД. 

Двајцата возачи во еден момент се доближија со тркалата на нивните болиди и за малку избегнаја контакт. Веднаш по настанот Верстапен реагираше преку тимското радио и го нарече Хамилтон глупав идиот, при што доби “наредба“ од својот тим да го игнорира однесувањето на возачот на Мерцедес.

Стартот на трката за Големата награда на САД во Ф1 која се вози на патеката во Остин е закажана за недела.


Ѓорѓиев четврти пат е светски првак во кик-бокс

Најдобриот македонски кик-боксер, Димитар Ѓоргиев е нов светски првак. Во финалето на Светското првенство во Италија во дисциплината лоу кик, Ѓорѓиев славеше против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0 и повторно се закити со светско злато.

Ова за него е четврта титула на светските првенства, откако претходно беше златен и на СП во 2011 година во дисциплината кик лајт.

На патот до финалето во Италија, Ѓорѓиев обезбеди три убедливи победи, без загубен поен. 


Запален олимпискиот оган, веднаш од Атина се упати кон Пекинг

Денес на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на корона-вирусот ќе биде запален Олимпискиот оган пред стартот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари.

Поради ситуацијата поврзана со пандемијата со ковид-19, свеченоста ќе се одржи со строго почитување на локалниот здравствен протокол, објави Комитетот на Игрите.

На свеченоста меѓу гостите ќе присуствуваат претседателот на Грција, Катерина Сакералополу и првиот човек на МОК, Томас Бах.


Фетел неодлучен околу својата иднина

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, вели дека „циркусот на тркала“ може да ја загуби атрактивноста доколку не се воведат нови правила. Тој полека размислува и за нов предизвик во животот.

„Не сум сигурен што е вистинскиот избор. Нема да возам уште десет години. Најлесно би било да станам репортер на телевизија и да останам на истата позиција уште неколку години“, потенцира Фетел.


Макс Верстапен бара подобар болид

Возачот на Ред Бул, Верстапен, излезе со изјава дека е непходно подобрување на неговиот Ф1 болид, за да остане во трка за титула со конкурентот Мерцедес.

По освојувањето на второто место на трката во Турција, Верстапен го превзеде првото место во генералниот пласман на Формула 1 и сега има шест бода повеќе од Луис Хамилтон кој е актуелен шампион. Независно од моменталниот успех, тој мисли дека мора уште повеќе да се работи на неговиот болид бидејќи тимот на Мецедес станува се подобар.

“Мислам дека возевме на патеки кои повејќе им одговараја на Мерцедес, но имаше и патеки кои беа непознати а сепак на крајот беа пред нас. Мораме да се подобриме за да останеме во борба за наслов до крајот на сезоната“- изјави Верстапен.


Тајсон Фјури сака да го тренира Џошуа

Боксерот од Англија, Тајсон Фјури, се понуди биде тренер на својот сонародник Ентони Џошуа, пред реванш борбата со Александар Усик.

Џошуа во мечот против Усик кој се одржа во Лондон,  ги загуби трите шампионски појаси во категориите ВБА, ИБФ и ВБО. Веднаш по завршувањето на овој меч, се најави реванш кој би се одржал следната година.

“Ако јас би го тренирал Џошуа за реваншот со Усик, верувам дека ќе забележи победа“, изјавил Фјури. Му ги нудам моите тренерски услуги само за борбата со Александар и гарантирам дека ќе победи, но потоа сам нека се снаоѓа во дуелот со мене“.

Тајсон Фјури својот ВБЦ појас ќе го брани викендов, во борба со Дионтеј Вајлдер. 

Доколку ја сочува титулата а Џошуа го победи Усик во реваншот, тогаш ракавиците ќе ги вкрстат сонародниците Фјури и Џошуа.


Леклерк: Ферари засега далеку од борба за титула

Според првиот возач на Ферари, Шарл Леклерк, славниот италијански тим пред себе има долг пат пред да може повторно да се бори за титули во Формула 1 шампионатот.

По најлошата сезона во последните 40 години која тимот на Ферари ја оствари во 2020 година, во тековната сезона популарната “Скудерија“ се приближи до врвот . Во првите 15 трки во новата сезона, Леклер и неговиот совозач Карлос Саинц забележаа вкупно четири искачувања на подиумот,и две победи во квалификациите. Самиот Леклерк го освои четвртото место на Големата награда на Италија, што според него го докажува напредокот во тимот на Ферари.

“Посигурен сум во болидот уште од првата трка. Вкупните перформанси се подобри, а ние сме поконзистентни од минатата година. Ова покажува дека се движиме во вистинската насока. Сепак, ни претстои долг пат пред да започнеме да се сметаме себеси за претенденти за титулата“, изјави Леклерк. Наша задача е со секоја нова трка да го подобруваме резултатот. Се надевам дека ќе им се вратам на победите пред крајот на шампионатот “.

Сезоната во Формула 1 продолжува викендов со Големата Награда на Турција, која се вози на Истанбул парк.


Формула 1 со дебитантска трка во Катар

Kатар ќе биде домаќин на трка од Светското првенство во Формула 1, официјално објавија организаторите на најпопуларното автомобилистичко натпреварување.

 Трката ќе се одржи на патеката „Лусаил“ од 19 до 21 Ноември оваа година. Договорот за влез на Катар во календарот на Формула 1 е потпишан на десет години, почнувајќи од 2023 година.

Причината за неодржувањето на трката во 2022 година е Светското првенство во фудбал кое ќе се игра во Катар  во истиот временски период.


Хамилтон размислува за пензија од формула 1 спортот

Луис Хамилтон го сподели своето мислење за крајот на кариерата.

„Често размислувам за пензија. Во текот на изминатите пет години, имаше многу пати кога не знаев дали навистина сакам да продолжам да тренирам на сметка на мојот личен живот. Впрочем, има и други работи што ги сакам. Всушност, има многу работи што би сакал да ги пробам. Од друга страна, си велам дека имам многу среќа што добив таква работа. Генерално, кариерата зад воланот на автомобил ќе биде само мал дел од мојот живот“, изјави Хамилтон.

Британецот од тимот на Мерцедес е седумкратен светски шампион во Формула 1. Во јули, Мерцедес објави продолжување на договорот за возачот до крајот на сезоната 2023 година.


Усик: Можам да бидам уште подобар

Олександр Усик го шокираше Ентони Џошуа во Лондон и ја освои светската титула во тешка категорија во ИБФ, ВБА и ВБО верзија.

Фантастичниот Украинец го издоминира Џошуа во поголем дел од 12. рунди и на крај славеше со едногласна одлука на судиите и стана прв боксер во историјата кој освоил титула првак во лесна и тешка категорија.

Усик неколкупати сериозно го „раздрма“ Џошуа, а во последните моменти од борбата имаше прилика и да го нокаутира, но Британецот го спаси ѕвоното кое се огласи пет секунди порано и ја заврши борбата.

„Во почетокот тргнав силно и сакав да го нокаутирам. Но, тогаш тренерот ми рече: Застани и заврши ја својата работа. Не сте виделе се од мене, можам да бидам многу подобар.“ – рече Усик додавајќи:

„Борбата се развиваше точно онака како што очекував. Имаше неколку моменти во кои Ентони беше опасен, но ништо посебно.“

Усик беше апсолутен шампион во лесна категорија, а за тој статус да го стекне и во тешка, му недостасува ВБЦ титулата која ја држи Тајсон Фјури, но можно е пред таа борба да се одработи реванш со Џошуа, кој го побара веднаш по поразот.