останато

Ботас од следната сезона ќе вози во болидот на Алфа Ромео

Валтери Ботас ја вози последната сезона како партнер на Луис Хамилтон во Мерцедес.

Денес е потврдено дека од сезоната 2022, односно од наредната сезона Ботас ќе биде нов возач на Алфа Ромео.

Долго време Ботас во Мерцедес важи за втор возач, затоа што тимот предност му дава на Хамилтон. Сега во Алфа Ромео ситуацијата ќе биде веројатно поинаква.

Инаку, сезонава Мерцедес води голема со Ред Бул за титулата, на последната трка викендов во Холандија победи возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

На местото на Ботас во Мерцедес би требало да дојде младиот Џорџ Расел.


Драма за титулата во Формула 1

Холандскиот Ф1 возач Макс Верстапен од Ред Бул победи на трката за Големата награда на својата Холандија во Зандворт и го презеде водството на табелата во Формула 1.

Верстапен на стазата во Зандворт, која по 36 години е на календарот на Ф1, водеше од стартот до целта. За него тоа седма победа сезонава, 17. во кариерата.

Второто место замина во рацете на Луис Хамилтон од Мерцедес, трет беше неговиот клупски колега, Финецот Валтери Ботас.

По 13 трки Ферстапен е прв со 224 бодови, него го следи Хамилтон со три бода помалку, на третото место пак е Ботас со 123 бода.

Следната трка е на 12. септември во Монца за Големата награда на Италија.


Гетлин најави пензија од спринтот

Освојувачот на пет олимписки медали и шампион на 100 метри од Атина 2004, Џастин Гетлин, ја завршува кариерата на 39-годишна возраст. Светскиот шампион од Лондон 2017, кој во тоа време го победи и легендарниот Усеин Болт, го најави својот последен спринт.

Американецот ќе и каже „збогум“ на атлетиката на 14 септември во Белинцона, Швајцарија. На последната трка на Џастин ќе се појави и Фред Керли, олимпискиот вицешампион од Токио на 100 метри, како и Андре де Грас, златниот на 200 и бронзен на 100 метри од последната Олимпијада.

На Олимписките игри во Лондон 2012 година, Гетлин освои бронзен медал на 100 метри, а повторно беше на подиумот на Игрите во Рио, овој пат со сребро.


Легендарен боксер призна дека бил силуван на 13 години

Легендарниот боксер Оскар Де Ла Хоја би требало да се врати на 11. септември во рингот во борба против Витор Белфорт.

Поранешниот светски шампион во повеќе категории во моментот ја промовира претстојната борба, а во едно интервју откри и шокантен момент од неговата историја.

„Бев силуван кога имав само 13 години. Ме силуваше жена, постара жена.“ – рече Де Ла Хоја.

Тој не ја именуваше жената, но рече дека имала повеќе од 35 години и дека тоа се случило на Хаваи, каде беше на турнир.

Тој додава деак борбата беше еден од начините за справување со траумата која ја имаше поради тоа во детството.

Де Ла Хоја, олимпискиот победник од 1992. година, во боксерската кариера одработи 45 натпревари во кои забележа 39 победи (30 со нокаут). Претходно се најавуваше дека по борбата со Белфорт ќе следи борба со Андерсон Силва, а потоа, под услови се да биде во ред, има намера да го предизвика Флојд Мејведер.


Наковска Бикова остана без финале во дисциплината 25 метри пиштол

Македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова денеска во вториот настап во стрелаштво не успеа да обезбеди уште едно финале.

Во дисциплината 25 метри пиштол, класа СХ1, мешано, таа имаше одличен старт во натпреварите во прецизност каде со 290 круга беше второпласирана, но во втората дисциплина Рапид или брзо стрелање остана на деветтото место и за само една позиција не успеа да се најде во осумте патници во финалните дуели.

Наковска Бикова во својот прв настап на Параолимписките Игри во Токио го освои шестото место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри, а сега за два дена и преостанува и последниот настап на 50 метри пиштол мешано.


По две децении, Раиконен објави крај на кариерата

Кими Раиконен, поранешниот шампион во Формула 1, објави дека ја вози последната сезона во кариерата.

Возачот на Алфа Ромео ја објави својата одлука на социјалните мрежи, објаснувајќи дека ја донел минатата зима.

“Тоа е тоа. Ова ќе биде мојата последна сезона во Формула 1. Ја донесов одлуката минатата зима. Не ми беше лесно, но време е за нови работи. Иако тековната сезона е во полн ек, сакам да се заблагодарам на мојот семејството, тимот и сите што “Тие беа дел од мојата кариера, особено за навивачите. Формула 1 ми доаѓа при крај, но има многу работи во животот што сакам да ги доживеам”, напиша Финецот.

Раиконен беше шампион во најбрзиот тркачки циркус во 2007 година зад воланот на Ферари.

За време на 20-годишната кариера, тој постигна 21 победа, со 103 места на подиумот.

Покрај Ферари, чиј член беше двапати, Алфа Ромео возеше и за Заубер, Мекларен и Лотус.


Јапонскиот амбасадор гостин на Наумче Мојсовски и АМС

Директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска имаше средба со Јапонскиот амбасадор, Хиронори Савада. На истата беше нагласена одличната соработка меѓу двете земји и се споделија искуства за понатамошно зајакнување во доменот на младите и спортот.

„Ние како амбасада секогаш сакаме да ја подобриме соработка и размислуваме во таа насока. Имаме идеја за збратимување на две општини со што би ги зближиле нашите идеи и вредности во сферата на гимнастиката како и во сите спортови и младински организации”, истакна амбасадорот Савада.

Директорот Мојсовски изрази уверување дека ќе продолжи одличната соработка меѓу двете страни. На средбата присуствуваше и Силвија Митевска, советничката за спорт на премиерот.


Наковска Бикова шеста на Параолимписките игри во стрелаштво со воздушен пиштол

Единствениот македонски претставник на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, стрелачката Оливера Наковска Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска Бикова, која влезе во финалето како осмопласирана, настапот го заврши со резултат од 147.9 кругови.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио ја очекуваат уште два настапи, в четврток во дисциплината спорт пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри, в сабота.


Почина поранешниот претседател на ИОК, Жак Рог

Поранешниот долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Жак Рог, почина на 79-годишна возраст, соопшти ИОК.

Белгиецот Рог, кој настапи на три последователни олимписки игри (1968, 1972, 1976) во дисциплината едрење, а во младоста беше и рагби играч, застана на чело на олимпиското движење во јули 2001 година, наследувајќи го на функцијата Бразилецот Хуан Антонио Самаранч,

„Целото олимписко движење е во длабока жалост поради загубата на голем пријател и страстен љубител на спортот. Прво и најважно, Жак беше вљубеник во спорот и беше со спортистите, пренесувајќи ја својата страст кон спорот на сите што го познаваа. Неговата радост во спорот беше заразна. Тој беше успешен претседател, кој помогна во модернизација и трансформација на МОК, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах, кој го наследи Рог на должноста во 2013 година“


Десетгодишник го изненади светот на атлетиката! (видео)

Десетгодишниот Омар Томас од САД го изненади светот на атлетиката кога истрча неверојатна трка на 400 метри.

Тој настапи на Олимписките игри за млади во организација на Аматерската атлетска унија во САД и истрча 400 метри со време 55,74.

Коментаторот беше импресиониран од техниката на трчање, посебно за неговите години. Омар изјави дека негов спортски идол е Вејд ван Никерк, кој го држи светскиот рекорд на 400 метри со време 43,03 поставен во 2016. година.

https://twitter.com/FloTrack/status/1428759985417297928