останато

Јованоска деветта на олимпискиот карате турнир

Македонската каратистка Пуликсенија Јованоска рано наутро го имаше својот настапот на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во кати, но не успеа да ја помине првата рунда откако во својата група каде имаше пет учесници заврши како петта.

Нашата каратистка на ЛОИ во Токио дојде благодарение на „вајлд-карта“ и настапи во карате кој кој за првпат беше на едни ЛОИ, успеа да освои вкупно 23.80 поени за првата ката и уште 24 поени за втората ката, по што се извади просек од 23.90, кој, за жал, не беше доволен за да се мине првиот круг во групата. Пуликсенија Јованоска, во вкупниот пласман заврши на претпоследното место во конкуренција на десет натпреварувачки.


Постигнат договор за соработка на Олимписките комитети на Македонија и Словенија

Претседателот на МОК, Даниел Димевски и Претседателот на Олимпискиот комитет на Словенија, Богдан Габровец, денеска потпишаа договор за Олимписко партнерство и соработка во однос на заеднички подготовки на најдобрите македонски и словенечки спортисти Олимпијци во пресрет на зимските Олимписки игри Пекинг 2022, Медитеранските игри Оран 2022, Европските игри Гдањск 2023, летните Олимписки игри Париз 2024.

Договорот се однесува и на понатамошни активности по и во овој период кои се однесуваат на унапредување на работата на спортската администрација, спортскиот односно тренерскиот кадар, спортската медицина, користење на спортските објекти и воопшто на спортските ресурси со кои располагат словенечкиот и македонскиот спорт, објавија од МОК.


Белоруска атлетичарка одби да се врати во татковината

Белоруската атлетичарка Кристина Тимановска, која одби да се качи на летот за Белорусија и рече дека нејзиниот тим ја однела на аеродром против нејзината волја, е „безбедна“ во Токио, објави Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

„Тимановска (24) ја помина ноќта во аеродромскиот хотел, откако синоќа побара заштита од јапонската полиција на аеродромот Ханеда“, изјави на прес -конференција портпаролот на МОК, Марк Адамс.

Таа за новинарот на Ројтерс преку апликацијата Телеграм потврди дека главниот тренер на Белорусија синоќа се појавил во нејзината соба во Олимпиското село и ја принудувал да замине со него.

“Главниот тренер ми пријде и рече дека добил наредба” одозгора “да ме отстранат. Во пет часот (попладне) дојдоа во мојата соба, ми рекоа да се спакувам и ме однесоа на аеродром”, напишала Тимановска во порака

Сепак, атлетичарката од Белорусија одби да се качи на летот и рече дека нема да се врати во Белорусија.


Грчки скокач во далечина сензационално ги победи Кубанците во Токио

Грчкиот атлетичар Милтијадис Тентоглу освои златен медал во скок во далечина 

Тој до најсјајното одличје стигна со кокод во послената шеста серија со далечина од 8 метри и 41 сантиметар, ист резултат кој претходно имаше остварено и Кубанецот, Хуан Мигел Ечеверија, кој пак поради послаби скокови во другите серии мораше да се задоволи со среброто. Инаку Кубанецот се здоби со повреда за време на натпреварот, па ја пропушти петтата, а не успеа да скокне во шестата.

Неговиот сонародник Мајкл Масо го освои бронзениот медал со резултат 8,21 метри.


Полска – Франција најзвучен пар во четвртфиналето на одбојкарскиот турнир

На Олимписките Игри во Токио се одигра петтото последно коло од групната фаза на одбојкарскиот турнир по што ги имаме параовите за четвртфиналето, поточно нокаут фазата и патот до медалите.

Меѓу осумте најдобри имаме четири европски селекции и веќе во оваа фаза ќе видиме една битка меѓу нив и тоа е онаа меѓу Полска и Франција. Репрезентацијата на Италија ќе се соочи со Аргентина која пак успеа во заврното коло да слави над САД и да се избори за плејоф на игрите.

Бранителот на олимпискиот медал Бразил оди на мегдан со домаќинот Јапонија, а пак Русија оди на Канада.


Рохас со нов светски рекорд го одбележа атлетскиот ден во Токио

Венецуелката Јулимар Рохас ја освои титулата олимписка шампионка во трискок на Олимпијадата во Токио, а во последната серија од финалето постави и нов светски рекор. Таа го собори досегашниот светски рекорд стар 26 години, кој го држеше Украинката Инеса Кравец.

Двократната светска шампионка и сребрена од последните Игри во Рио, практично го реши прашањето за златото веднаш во првиот скок кога прелета  15,41 метри, што е само девет сантиметри послабо од претходниот светски рекорд.


Стојовски на 38-то место на 400 метри во Токио

Македонскиот атлетичар, Јован Стојоски оствари личен рекорд во квалификациите на 400 метри на Летните олимписки игри во Токио. Во четвртата квалификациска група истрча време од 46.81 секунда, за една стотинка подобро од неговото најдобро време.

Стојоски заврши претпоследен (на шестото место) во својата група, пред Кениецот Емануел Кипкури, кој беше дисквалификуван. Во вкупниот пласман во квалификациите на 400 метри на ЛОИ во Токио од 48 учесници заврши на 38 место.


Нетфликс најави филм за Михаел Шумахер

Од несреќата која ја доживеа на 30.декември 2013 година, на скијање во француските Алпи, светот не знае ништо за состојбата во која се наоѓа легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер.

Компанијата Нетфликс, најави дека премиерата на филмот за Шумахер, ќе се одржи на 15.септември. Компанијата потенцира дека ова е првиот филм кој е одобрен од семејството на Шумахер.

„Ќе имате единствена можност да „влезете“ во животот на седумкратниот шампион во Формула 1“, порачаа од Нетфликс.


Сем Кендрикс ќе ги прескокне Игрите заради позитивен тест на ковид-19

Двократниот светски шампион во скок со стап, Сем Кендрикс од САД, нема да настапи на Олимписките игри во Токио поради позитивен тест на корона-вирус.

„Во согласност со локалните правила и протоколи, тој беше преместен во хотелот и ставен во изолација“, соопшти Олимпискиот комитет на САД.

28-годиниот Кендрикс  кој е светски шампион од 2017 и 2019 година и воедно освојувач на бронза од Рио 2016 година, требаше да има жестока битка за златото со Швеѓанецот, Арманд Дуплантис.


Коментатор отпуштен поради расистички коментар за јужнокорејски учесник на Олимпијадата

Коментаторот што известуваше за Олимписките игри во Токио за државната телевизија во Грција беше отпуштен откако во емисија во живо направи расистичка забелешка кон јужнокорејски спортист.

Забелешката беше дадена по натпреварот за пинг-понг, во кој Јужнокореецот Јеунг Јанг-Сик го победи Гркот Панајотис Гионис.

Коментаторот Димостенис Кармирис тогаш ја даде расистичката забелешка кога го прашаа за вештината на јужнокорејските играчи.

Тој рече: „Бидејќи нивните очи се малечки, како можат да гледаат како топката оди и оди?“

Потоа, Кармирис може да се види како се смее откако го изговори коментарот.

Неколку часа по шокантната забелешка, државниот радиодифузер ЕРТ објави дека коментаторот е отпуштен веднаш по завршувањето на програмата.

Тие изјавија: „Расистичките коментари немаат место на јавната телевизија.

По слабиот почеток на натпреварот, во кој загуби три од воведните четири сетови, Јеунг возврати и победи со 4-3.