тенис

Ивановски го загуби финалето во Опатија

Иваносвки на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи. Во мечот за трофејот подобар од Ивановски денес беше домашниот тенисер и прв носител на турнирот Лука Микрут со 6-3 и 7-6(4).

Иваносвки на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи.

Ова за Ивановски е деветто финале во кариерата, а има пет турнирски победи, последната во 2023 година во австрискиот Крамсах, но поради повреда ја пропушти целата сезона во 2024 година.


Сабаленка доминантно до трофејот во Мајами

Aryna Sabalenka of Belarus celebrates during the Miami Open tennis tournament, Thursday, Mar. 27, 2025, in Miami Gardens, Fla. (Tomás Diniz Santos/South Florida Stadium)

Светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка, ја освои титулата на Местерс-турнирот во Мајами, откако во два сета ја совлада Американката Џесика Пегула со 7-5, 6-2.

Сабаленка по 89 минути оствари победа над четвртата тенисерка на ВТА листата. По три брејка на двете страни, Сабаланка ја искористи првата сет-топка во дванаесеттиот гем од првиот сет, на сервис на Пегула и поведе.

Во вториот сет, Пегула прва направи брејк, но Сабаленка одговори со брејкови во вториот, четвртиот и осмиот гем и стигна до победа. Белоруснката вечерва ја освои деветнаесеттата титула во кариерата, а осма на Мастерс-турнирите.

Машкото финале меѓу Ѓоковиќ и Меншик се игра в недела од 21:00 часот.


Ивановски ќе игра финале на турнирот во Опатија

Нашиот тенисер, Калин Ивановски, влезе во финалето на турнирот во Опатија кој има награден фонд од 15.000 долари.

Тој денеска славеше против Михаел Врбенски со 2-1 откако ги доби првиот и третиот сет со 6-4 и 6-3. Ивановски утре ќе игра со Лука Микрут.

Хрватот денеска немаше тешка задача против Перез Контри и успеа да слави лесна победа со 2-0 во сетови.


Меси и Ѓоковиќ си разменија дресови во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во првото финале оваа сезона. Тој во полуфиналето на турнирот Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6-2, 6-3 во „најстариот“ полуфинален меч во историјата на турнирот од серијата 1.000. Двајцата заедно имаат 71 година и 262 дена.

Ѓоковиќ победата ја забележа пред Лионел Меси, кој настапува за Интер Мајами и дојде да го гледа полуфиналето на Мастерсот.

„Голема чест и задоволство, многу ми значи што Лео дојде. Мислам дека првпат играм пред него во живо. Му благодарам што е тука со семејството. Му се восхитувам, како и повеќето луѓе во светот, бидејќи има неверојатна кариера. Ние сме на иста возраст, 1987 година, и убаво е што е тука“, изјави по мечот Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Меси потоа се запознаа, а ги поврза поранешниот аргентински тенисер и пријател на Меси, Хуан Мартин дел Потро. Меси и Ѓоковиќ си разменија подароци и се фотографираа заедно. Ѓоковиќ му подари на Меси маица со натпис: „На семејството Меси, со љубов“.


Ѓоковиќ го збриша Димитров и се избори за финале во Мајами

Новак Ѓоковиќ избори пласман во 142.финале во кариерата. Ѓоковиќ во полуфиналето на Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6-2, 6-3 за 69 минути игра.

Шесткратниот шампион во Мајами го прегази Бугаринот, кој лани во овој период стигна до финалето.

Го загуби Ѓоковиќ првиот гем на свој серис и од тој момент започна неговата доминација на теренот. Веднаш го врати брејкот, а до крајот на првиот сет освои пет, а Димитров само еден гем.

Мечот српскиот тенисер практично го реши во втриот гем од вторито сет кога му го одзеде сервизот на Димитров, а потоа поведе со 3:0. До крајот двајцата лесно ги освојуваа своите сервиси.

Во финалето, во недела, противник на Ѓоковиќ ќе му биде Меншик или Фриц.


Иваовски обезбеди трето коло на турнирот во Опатија

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен и маратонски меч успеа да го совлада шестиот носител Вјачеслав Биелински од Украина во второто коло на ИТФ фјучрсот во Опатија што се игра за награден фонд од 15.000 долари. Ивановски победи со 2-1 во сетови (7-6(3) 5-7 7-6(4)) за 3 часа и пет минути игра.

Ова е петта победа за Ивановски на овој турнир (три во квалификациите) и утре во четвртфиналето Калин ќе игра против вториот носител на турнирот Зденек Колар од Чешка (28 години, 399 место АТП).


Филипинката Еала е сензација на Мастерсот во Мајами

Александра Еала, 19-годишната филипинска тенисерка, приреди уште една сензација на Мастерсот во Мајами. Еала, во четвртфиналето ја победи петкратната грен слем шампионка Ига Швјонтек.

Еала (140. на ВТА листата) за еден час и 41 минута ја победи второрангираната на ВТА листата со 6-2, 7-5.

Филипинката претходно победи две грен слем шампионки, Елена Остапенко и Медисон Киз.

Еала осум пати и го одзеде сервисот на фаворитката, одтако блескаше во првиот сет, во втриот успеа да се извлече и врати во мечот по предноста на Швјонтек од 2:4.

Со оовј триумф, Еала си обезбеди пласман на 75.место на ВТА листата. Еала во полуфиналето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Ема Радукану и Џесика Пегула.


Ѓоковиќ лесно се справи со Мусети и обезбеди четвртфинале во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Мајами, откако синоќа по два сета го совлада 16. пласираниот на АТП листата Италијанецот Лоренцо Мусети со 6-2, 6-2.

Петтопласираниот тенисер во светот дојде до победа по еден час и 23 минути игра.

Во првиот гем од првиот сет Италијанецот направи брејк на сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер потоа нанижа шест гемови и поведе со 1-0 во сетови.

Ѓоковиќ ја искористи втората брејк топка во вториот гем од вториот сет и со сигурен сервис во следниот гем поведе со 3-0. До седмиот гем двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, кога Ѓоковиќ ја искористи првата меч поен на сервис на Мусети.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против светскиот рекет број 25, Американецот Себастијан Корда.


Алкараз: Психички сум „скршен“ по поразите

Тој загуби од ветеранот Давид Гофен со 7-5, 4-6, 3-6, а по мечот призна дека ова му било еден од најслабите настапи во последно време.

-Тоа беше многу лоша изведба од моја страна, морам да признаам. Тој беше подобар од мене. По првиот сет тој почна да игра подобро, а моето ниво паѓаше. Не играв добро, а не се чувствував добро ниту физички. Во вакви натпревари, кога не се чувствувате сигурни во своите вештини или ментално, сè станува многу потешко. Мислам дека тоа беше видливо во вториот и третиот сет, кога не можев да играм подобар тенис, коментираше Алкараз по мечот.

Изјави дека во следните денови ќе има време да анализира што се случило.

„Добро го знам овој дел од сезоната. Играв одличен тенис на овие турнири, но по ова што се случи денеска, не знам што да кажам. Психички сум уништен, искрено! Ова беше турнир на кој сакав да се претставам добро и кога ќе загубиш во првото коло, боли многу“, додаде Шпанецот.


Ѓоковиќ без загубен сет во осминафиналето на Мастерсот во Мајами

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Мајами откако го совлада Аргентинецот Камило Хуго Карабели со 2-0 (6-1, 7-6 (1)).

Ѓоковиќ вечерва го забележа 411-от триумф на турнирите од Мастерс серијата и го престигна Рафаел Надал за првото место на вечната листа.

Ѓоковиќ шест пати го освојуваше трофејот во Мајами, а ова е негов прв настап од 2019 година. Во осминафиналето ќе игра против Канѓанецот, Феликс-Оже Алијасим.