тенис

Ѓоковиќ ќе продолжи во Мајами и покрај болките и повредата

Иако нема освоено ниту една АТП титула од ноември 2023 година, кога го освои завршниот мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ нема намера наскоро да ја заврши кариерата.

Тој го потврди ова, во Макајми, во изјава за Тенис ченел.

„Додека се чувствувам како што се чувствувам сега, задоволство и уживање е да се биде на теренот. Без разлика каде сум. Сакам да продолжам да играм се додека ми се допаѓа. Очигледно нема да биде така на секој меч, но се додека можам да се натпреварувам на највисоко ниво, ќе продолжам да играм. Желбата е присутна имам поддршка и од најблиските во мојот живот. Па да видиме до каде ќе стигнам“, изјави по победата против Хиџиката во второто коло на овој Мастерс.

Ѓоковиќ, велерва околу 20 часот, во третото коло игра против Аргентинецот Карабели, 65-ти на АТП листата.


Лина Ѓорческа во полуфиналето на турнирот во Марибор

Лина Ѓорческа обезбеди место во полуфиналето на тенискиот турнир кој се реализира во Марибор во Словенија.

Таа денеска по голема борба успеја да ја совлада Грузијката, Мариам Болквадзе, со 2-0 по сетови 7:6 и 6:3.

Македонката за место во големото финале ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Каја Јуван од Словенија и втората носителка, Антонија Ружиќ од Хрватска.


Ѓоковиќ со победа го почна Мастерсот во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по пауза од шест години настапи на Мастерсот во Мајами. Во рамките на второто коло тој го победи Австралиецот, Ринки Хиџиката.

Ѓоковиќ за 81 минута победи со резултат 6-0, 7-6. Ова беше втор триумф на Новак во директни дуели со Австралиецот, кого го победи во Бризбејн на почетокот на годината.

Негов следен ривал ќе биде Аргентинецот Камило Хуго Карабели, кој приреди изненадување со победата над Алекс Микелсен со 6-7 (3), 7-5, 6-3.

По победата, Ѓоковиќ напиша трогателна порака на камерата.

„Молитви за 16-те“ која се однесува на сите 16 жртви кои ги загубија животите во трагедијата во Нови Сад на 1.ноември минтата година.


Кирјиос победи на тениски меч по 29 месеци

Ник Кирјиос, австралискиот тенисер го победи Мекензи Мекдоналд во првото коло на Мастерсот во Мајами.

Кирјиос успеа да победи за прв пат од октомври 2022 година, кога во Токио славеше над Камил Мајжак.

Ник овојпат го совлада Мекензи Мекдоналд со 2-1, по сетови 3-6, 6-3, 6-4 и во второто коло ќе игра со Карен Хачанов.

Кирјиос одигра само еден меч во 2023 година, една година подоцна одигра само два меча и ги загуби сите.

Кирјиос конечно успеа да победи и да се пласира во второто коло на Мајами, каде го чека 22. рангираниот тенисер во светот.


Ѓорческа реди победи на турнирот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, влезе во осминафиналето на турнирот во Maрибор.

Таа денеска успеа да ја совлада Петра Марчинко од Хрватска со 2-0 и тоа идентично во двата сета со 6:4 за нешто помалку од два часа игра. Ѓорческа во наредната рунда ја очекува тешка пресметка со четвртата носителка, Џесика Понше од Франција.

Ќе потсетиме дека Лина Ѓорческа заедно со Грузијката, Болквадѕе, успеаја да влезат во 1 /4 финале во игра на двојки.


Алкараз разочаран од својот настап во Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз 16 меча во низа не знаеше за пораз на Индијан Велс, но рано утрово беше надигран од Џек Дрејпер и остана пократок за ново финале во калифорниската пустина.

„Овој пораз навистина пече и боли……. Никој не сака да губи на еден меч, но овој беше специјален за мене, навистина сакав да играм трето финале во низа. Сепак, не бев воопшто блиску до најдоброто издание, бев нервозен цел ден“, изјави Алкараз по поразот од 6-1, 0-6 и 6-4.

„Сакав трета титула во нзиа, но не можам да очекувам дека секогаш ќе победувам тука. Не ме боли поразот, колку што ме боли мојата игра. Начинот на кој го дочекав мечот е она што посебно ме нервира. Факт е дека не успеав да се опуштам, првиот сет е еден од најлошите кои ги имам одиграно во кариерата, а тоа беше последица на нервозата која ја чувствуав пред мечот,“ изјави Алкараз.


Винцек објави крај на ракометната кариера

Легендарниот германски ракометар Патрик Винцек денес го објави своето збогување од овој спорт, по серијата проблеми со повреди што ги имаше овој специјалист за одбрана во последните години.

Винцек се поретко можеше да ги покаже своите квалитети во дресот на Кил, поради што реши да ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Тој ќе остане дел од „зебрите“, откако постигнал договор од следната сезона да стане дел од управата на поранешниот европски шампион.

„Долгото патување дојде до крајот, време е да ги соблечам ракометните патики. Секогаш бев полн со страст и ентузијазам кога играв ракомет, така што оваа одлука воопшто не беше лесно. Не сакам целосно да се разделам од Кил, така што ќе останам лојален на клубот, но во една поинаква улога“, објави Винцек, кој десетина години наназад важеше за еден од најгрубите ракометари во Лигата на Шампионите..


Србљак на чекор до главниот турнир во Аламинос

Горазд Србљак успеа да се избори за финале во квалификациите на ИТФ М15 турнирот во Аламинос, Кипар. Тој денес во мечот од второто коло од квалификациите го надигра Британецот Кристијан Дел и забележа победа од 2-0 во сетови (6-2, 6-1) и притоа на противникот му препушти само три гема.

Првиот сет македонскиот тенисер го доби со 6-2 во гемови, а во вториот резултатот беше 6-1.

Утре за пласман на главниот турнир во третото квалификациско коло Србљак ќе игра против 19-годишниот тенисер од Австрија Мануел Лазиќ.


Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ турнир во Унгарија, Ивановски во Хрватска

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го почна настапот на ИТФ фјучрсот W75 во унгарскиот град Секешфехервар.

Таа вчера ја совлада домашната тенисерка Мелинда Биро со 2-0, по сетови 6-3 и 6-0.

Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за нагарден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.

Денес за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу.

Победа вчера забележа и најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски. Тој на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2:0, по сетови 7-6/2 и 6-2.

Денес во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија.

Турнирот „Истарска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.


Ѓоковиќ сензационално елиминиран на стартот на турнирот во Индијан Велс

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ продолжува да се мачи сезонава откако и во Индијан Велс го заврши својот настап уште во својот прв настап на турнирот со кој се отвора Мастерс 1000 серијата сезонава.

Ѓоковиќ во 2. коло во „пустината“ загуби од холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп со 2-1, по сетови 6-2, 3-6 и 6-1.

Пласман во второто коло обезбеди Карлос Алкараз кој беше подобар од Квентин Хелис од Франција со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-2.