тенис

Зверев сензационално елиминиран на стартот во Индијан Велс

Александар Зверев, светскиот број 2, се наоѓа во слободен пад откако во јануари го загуби финалето на Австралија опен.

Зверев на четири турнири по ред доживеа елиминација во раната фаза.

Доцна синоќа на Мастерсот во Индијан Велс, Германецот доживеа елиминацја во второто коло до Талон Грикспур.

Зверев, поради суспензијата на Синер, имаше шанса даго преземе првото место, но по серијата лоши резултати тоа едноставно е невозможно.

„Првично размислував за бројот 1, повеќе не го правам тоа. За да дојдам до таму, морам да победувам на турнири, а јас не го правам тоа. Не можам да го поминам ни второто коло. Играм ужасно”, изјави Зверев.

Се тргна надолу по поразот од Јаник Синер во Мелбурн.

„Не знам, можеби тој пораз има влијание врз моите лоши резултати“, истакна Зверев.


Врвните тенисерки ќе имаат право на породилно отсуство

Повеќе од 320 тенисерки ќе имаат право на платено отсуство до 12 месеци преку новиот породилен фонд на ВТА, а финансиски средства ќе бидат достапни и за лекување на неплодност, пренесува Би-Би-Си.

Повеќе од 320 тенисерки ќе имаат право на платено отсуство до 12 месеци преку новиот породилен фонд на ВТА, а финансиски средства ќе бидат достапни и за лекување на неплодност, пренесува Би-Би-Си.

Тенисерите ќе мораат да се натпреваруваат на минимален број ВТА турнири во одреден временски период за да стекнат право на

Породилната програма ќе биде целосно финансирана од Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија, кој е глобален партнер на ВТА турнејата.

Поранешната светска тенисерка број еден, Белорусинката Викторија Азаренка, која го роди синот Лео во 2016 година, лани во изјава за Би-Би-Си рече дека воведувањето платено породилно отсуство ќе биде „огромна победа за жените“.


Кирјиос го напушти Индијан Велс заради нова повреда

Австралиецот Ник Кирјиос го заврши настапот на АТП турнирот во Индијан Велс, откако се повреди во воведното коло и го предаде рано утрово дуелот против холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп.

Кирјиос го загуби првиот сет во тајбрејк, а во вториот противникот имаше предност од 3-0 во гемови кога австралискиот тенисер одлучи да се повлече од теренот поради болка во зглобот на десната рака.

Ван де Зандшулп во второто коло ќе се соочи со петкратниот освојувач на Индијан Велс, Србинот Новак Ѓоковиќ.

„Бев многу уверен дека ќе можам да играм. Пред два дена почувствував болка во зглобот и бев принуден да прекинам со тренинзите, но пред денешниот натпревар се чувствував добро и мислев дека нема да има проблем. За жал, работите постепено се влошија, болката стана многу акутна и не можев да продолжам“, образложи Кирјиос.

Австралискиот тенисер, кој беше финалист на Вимблдон во 2022 година, одигра само еден натпревар во претходните две сезони поради здравствени проблеми, а неговата последна победа на АТП турнирите беше во октомври 2022 година во јапонската престолнина Токио.

Турнирот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 13 милиони долари.


Томаш Махач го освои турнирот во Акапулко

Чешкиот тенисер Томаш Махач е победник на АТП 500 турнирот во Акапулко што се играше за награден фонд е 2,64 милиони евра.

24-годишниот Чех го победи една година повозрасниот Шпанец Алехандро Давидович Фокин со 7-6/6, 6-2 за 98 минути игра.

Ова е првиот трофеј на АТП турнирите за олимпискиот победник во мешани двојки од Париз. Претходно, Махач имаше едно АТП финале во кариерата, кога лани во мај во Женева загуби од Норвежанецот Каспер Руд.

Со освојувањето на турнирот во Мексико, Махач ќе се пласира во првите 20 на АТП-листата за прв пат во својата кариера.

Од друга страна, Шпанецот Давидович засега останува без титула на највисоко ниво, откако го загуби своето трето финале. Пред две недели во финалниот меч во Делреј Бич беше поразен од Србинот Миомир Кецмановиќ, а загуби и во финалето на Мастерсот во Монте Карло 2022 година од Гркот Стефанос Циципас.


Махач и Давидович ќе се брат за титулата во Акапулко

Чехот Томаш Махач и Шпанецот Алехандро Давидович ќе се соочат во финалето на АТП тенискиот турнир во мексиканскиот град Акапулко што се игра за награден фонд од 2,7 милиони долари.

Осмиот носител Махач во полуфиналето го победи Американецот Брендон Накашима со 6:4, 1:6, 6:4, додека Давидович триумфираше над деветтиот носител Канаѓанецот Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:6 (1).

За олимпискиот шампион во мешани двојки од Париз, Махак, ова ќе биде второ финале на АТП турнирите, додека Давидович ќе игра во третото.

И двајцата сè уште се без титула на највисоко ниво.


Циципас го освои турнирот во Доха

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја освои титулата на тенискиот турнир на тврда подлога од серијата АТП 500 во Дубаи со награден фонд од 3.237.670 долари, што за него е прв трофеј на АТП 500 турнирите.

Во финалето, четвртиот носител Циципас го победи Канаѓанецот Феликс Ожие-Алијасим во два сета – 6-3, 6-3. Натпреварот траеше еден час и 29 минути.

Огер-Алиасим го загуби своето второ последователно финале откако во февруари претходно загуби од Андреј Рубљев во финалето на турнирот во Доха.

26-годишниот Циципас ја освои својата 12-та АТП титула и прва од април 2024 година.


Суспендираниот Синер не е во комбинација за наградата Лауреус

Фондацијата Лауреус одлучи да го отстрани Јаник Синер од листата на кандидати за престижната награда за спортист на годината што ја доделува.

Причината е тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер.

Шон Фицпатрик, директорот на Лауреус, во изјава подетално ја објасни позадината на одлуката.

„По разговорите со Академијата Лауреус, одлучено е да се повлече кандидатурата на Јаник Синер за спортист на годината. Го следевме неговиот случај, одлуките на светските тела и веруваме дека тримесечната суспензија ја оневозможува неговата кандидатура. Јаник и неговиот тим се информирани“, стои во соопштението потпишано од Фицпатрик.

Листата на номинирани ќе биде објавена во понеделник на 3. март во Мадрид.

Синер беше позитивен два пати во март минатата година на забранетата супстанца клостебол, но беше ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународната агенција за интегритет во тенис.

ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража, а пред две недели се спогоди со Синер да добие три месечна суспензија.


Ѓоковиќ по шест години се враќа во Мајами

Српскиот тениер Новак Ѓоковиќ, потврди дека ќе настапи на Мастерс 1000 турнирот во Мајами, каде што не играше во последните шест години.

Пред настапот на Флорида, каде најдобрите тенисери од 18. до 30. март ќе се борат за трофејот, остатокот од тениската елита, вклучувајќи го и Ѓоковиќ, ќе игра на АТП мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс, кој е на програмата од 5. до 16. март.

Последен пат Ѓоковиќ играше во Мајами во 2019 година, кога беше поразен во осминафиналето од Шпанецот Баутиста Агут.

Последен пат Ѓоковиќ на тој турнир славеше во 2016 година, а претходно уште пет пати го подигна победничкиот пехар во Мајами, во 2007, 2011, 2012, 2014 и 2015 година.


Синер обвинет за нова измама

Јаник Синер постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА). Наместо рочиште пред Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, каде што можеше да добие тениска забрана на една или две години, тој ќе биде суспендиран на само три месеци.

Сега, сите се прашуваат кој е виновен, дали Синер или ВАДА, па останува да се утврди. Имено, се појавија некои нови информации во британскиот Би-би-си.

Како што открива медиумот, бил постигнат договор меѓу Синер и ВАДА, според кој место да му истекува од 14 февруари, суспензијата почнала да тече од 9 февруари. Сето тоа било направено за да добие право за настап пред својата публика, на мастерсот во Рим, кој започнува на 5 мај.

Тешко дека е само случајност сето ова и дека дошло до ненадејна грешка, особено ако се земе предвид дека претседателот на АТП, Андреа Гауденци, е Италијанец и дека целиот овој случај е прилично контроверзен.

Пред сè, поради начинот на кој беше спроведен целиот процес, што доведе до тоа да може да се договори Синер за својата казна, иако два пати падна на допинг-тест бидејќи беше позитивен на „клостебол“.


Ајава ја завршува кариерата заради смртни закани

Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата.

Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста.

Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6-4, 3-6, 7-5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, први пцујат, навредуваат и се закануваат.

„Донесов одлука да се повлечам поради пораките со омраза (мизогинија) и смртните закани што ги добивам по секој изгубен натпревар“, рече Ајава.

Во моментот кога го напушти тенисот, таа беше на 169. место во светот, а во текот на 2017 година стигна до 147. позиција.