тенис

Рубљев го освои турнирот во Доха

Рускиот тенисер Андреј Рубљев го освои АТП турнирот 500 во Доха, Катар.

Во денешното финале, 10-топласираниот светски играч го победи Британецот Џек Дрејпер (16-ти на АТП ранг-листата) за 2 часа и 6 минути – 7-5, 5-7, 6-1.

Русинот сервираше 10 асови, не направи ниту една двојна грешка и претвори 3 од 7 брејк топки во поени.

Неговиот противник имаше 12 аса, 2 двојни грешки и една конвертирана брејк топка од три можности.

Дваесет и седумгодишниот Рубљов ја освои 17-та АТП титула во кариерата и прва од мај 2024 година./


Андреева го освои турнирот во Дубаи

Руската тенисерка Мира Андреева стана најмладата шампионка на ВТА турнир од серијата 1.000. Андреева ја освои титулата во Дубаи.

Андреева во финалето во Дубаи ја победи Клара Таусон со 7-6/1, 6-1, по еден час и 47 минути битка.

Таа стана најмладата тенисерка која некогаш победила на ВТА турнир од серијата 1.000 откако оваа категорија беше додадена во календарот во 2009 година.

Од утре таа ќе стане и најмладата Топ 10 тенисерка (ќе биде деветта на ВТА листата) по Никол Ваидисова во 2006 година.

Андреева се мачеше во првиот сет, не успеа да го реши на свој сервис при резултат 5:4, но затоа блесна во тај-брејкот во кој на противничката и препушти само еден поен.

Моментумот од тај-брејкот го пренесе во вториот сет во кој буквално ја збриша својата противничка.


Мира Андреева најмлада АТП-финалистка во историјата

Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева продолжи да ги победува фаворизираните противнички и да поставува турнирски рекорди, а совладувајќи ја денеска во Дибаи шестата носителка Елена Рибакина со 6-4, 4-6, 6-3 стана најмладата финалистка во историјата на ВТА турнирите од серијата 1000, кои се вклучени во календарот од 2009 година.

Рибакина беше на прагот на пресврт откако го загуби првиот сет, но го доби вториот, а во третиот имаше водство од 3-1. Сепак, Андреева нанижа пет гемови за победа, освојувајќи три гема во кои Рибакина беше на сервис.

Ден претходно Андреева ја елиминираше втората носителка Ига Швјонтек од Полска и стана најмладата полуфиналистка во Дубаи.

За младата Русинка ова е најголем успех во кариерата и вкупно трето финале. Минатата година ја освои првата титула на ВТА 250 во романски Јаши, а во октомври беше поразена во финалето на турнирот ВТА 500 во кинески Нингбо од сонародничката Дарија Касаткина

Андреева во утрешното финале ќе се соочи со победничката од вториот полуфинален меч меѓу Данката Клара Таусон и Каролина Мучова од Чешка.


Лехечка го шокира Алкараз на турнирот во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2-1, во сетови 6-3, 3-6, 6-4.

Лехечка за место во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Матео Беретини и Џек Дрејпер.


Сабаленка елиминирана во осминафиналето во Дубаи

Клара Таусон го направи најголемото изненадување на турнирот во Дубаи, откако ја елиминираше светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка со 6-3, 6-2.

22-годишната тенисерка од Данска доминираше на натпреварот и се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серијата 1000 за првпат во кариерата.

Таусон, која е рангирана на 38. место во светот, имаше шест брејка во мечот, водејќи речиси цело време. Победата ја однесе за час и 23 минути игра, а ова и е прв успех во кариерата против најдобрата тенисерка на ВТА листата.

Таа во четвртфиналето ќе се сретне со Линда Носкова (Чешка) која со 6:3, 7:6 (8) ја совлада Џесика Пегула.


Ѓоковиќ загуби и во двојки, Вердаско ја заврши кариерата

Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско го завршија учеството во двојки на турнирот во Доха. Овој меч беше последен во кариерата на Вердаско.

Подобри од српско-шпанската комбинација беа Хари Хеливар и Хенри Патен, инаку втори носители и актуелни шампиони на Австралија опен. Ѓоковиќ и Вердаско загубија со 2-0 (7-5, 6-4).

Вообичаено Ѓоковиќ е во центарот на вниманието на тениските мечеви, но овојпат не беше така. Ова беше збогување на Вердаско со професионалниот тенис.

Во првиот сет Ѓоковиќ и Вердаско немаа многу шанси, ниту една брејк топка. Хелиовара и Патен одиграа многу искусно и во 11. гем ја искористија четвртата брејк топка за водство од 1:0.

Тие веднаш направија брејк во вториот сет, а Ѓоковиќ и Вердаско не успеаја да ги искористат единствените брејк топки кои ги имаа во шестиот и осмиот гем.

На крајот по 81 минута турнирот заврши за Ѓоковиќ и во двојки, а кариерата заврши за Фернандо Вердаско.


Ѓоковиќ елиминиран на стартот на турнирот во Доха

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Доха.

Ѓоковиќ успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул поради која се предаде на полуфиналниот меч на Австралија опен, но во Катар беше далеку под вообичаеното ниво.

Тоа го искористи Италијанецот Матео Беретини кој победи со 2:0, во сетови 7-6/4, 6-2.

Натпреварот траеше час и 35 минути игра.

Противник на поранешниот финалист на Вимблдон во следната рунда ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспор.


Уго Умбер го освои турнирот во Марсеј

Хамад Меџедовиќ, кој го одигра турнирот на кариерата и беше на прагот на прва титула, во финалето доживеа пораз од домашниот тенисер Уго Умбер кој беше подобар со 0-2 во сетови (6-7 ,4-6).

Првиот сет го реши тај-брејкот, а иако Меџедовиќ се држеше во вториот и спаси дури три брејк-топки, сепак, концентрацијата во десеттиот гем кој воедно беше и клучен дозволи брејк за победа на Французинот.

Умбер ја одбрани титулата во Марсеј, а воедно дојде до седмиот АТП-трофеј во кариерата.


Медведев сакрастичен за казната на Синер

Данил Медведев испрати саркастична порака во врска со суспензијата на Јаник Синер поради допинг.

„Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако кажат: „Го најдовме ова за тебе, ќе биде двегодишна (суспензија)“, ќе речеш: „Не, суспендирај ме на еден месец“. Се надевам дека тоа ќе биде преседан. Во спротивно, ќе биде чудно“, изјави Медведев.

За потсетување, во август беше објавено дека Синер бил позитивен на допинг, поточно нелегалната супстанца клостебол.

Меѓутоа, Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА) го ослободи од обвиненијата.

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража (КАС).


Анисимова го освои турнирот во Доха

Аманда Анисимова многу полесно од очекувањата ја совлада Јелена Остапенко во финалето на турнирот во Доха со резултат 2:0 во сетови (6-4, 6-3).

Шест пати Американката влегуваше на теренот како аутсајдер и победи во шест наврати. Никој досега не постигнал таков подвиг во Доха.

Можеби на Остапенко, која сака агресивна игра, донекаде и пречеше тоа што финалето беше прекинато поради дожд, што секако ги успори условите, но причината пред се треба да се бара во нејзиниот многу послаб настап од претходните денови.

Ова е трета титула на Анисимова во кариерата, убедливо најголема.

ВТА турнирот во Доха се играше за награден фонд од 3.654.963 долари.