Ако Дејвис си замине, Баерн ќе тргне по Робертсон?

Ендрју Робертсон би можел да го напушти Ливерпул и да се пресели во Баерн Минхен. Клубот од Минхен е заинтересиран да го ангажира 29-годишниот дефанзивец доколку Алфонсо Дејвис замине од „Алијанц Арена“, пренесува Дејли Мејл.

Претходно се дозна дека Канаѓанецот веќе се согласил да се пресели во Реал Мадрид. Баерн знае дека ќе биде тешко да го ангажираат Робертсон, но клубот има намера да најде квалитетна замена за Дејвис.

Договорот на шкотскиот фудбалер со Ливерпул е до 2026 година.