Бонучи објави пензија по последната половина сезона во Турција

Фенербахче објави фотографија на која Бонучи држи потпишан дрес во друштво на тренерот и останатите членови на екипата.

„Ми беше задоволство да бидам дел од ова семејство. Се обидов да дадам сè од себе на теренот. Заедно ќе ја водиме последната битка, сакам да ја завршам кариерата со титула“, кажа Бонучи.