Галинари ќе игра за Италија во олимписките квалификации

Кошаркарската репрезентација на Италија ја очекуваат квалификациите за да избори учество на Олимписките игри во Париз ова лето.

Селекторот Џанмарко Поцеко го објави прелиминарниот список од 30 играчи за подготовките пред патувањето на турнирот во Порторико каде се наоѓа и Данило Галинари.

Италија е во група со домаќинот и Бахреин. Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во следната фаза, каде ќе се сретнат со првите две селекции од групата во која се Литванија, Брегот на Слоновата Коска и Мексико. Пласман на Олимпијадата ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.