Давид Де Хеа не планира напуштање на Манчестер Јунајтед
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/02/De-Hea-1024x538.jpg)
Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа изјави дека не размислува за напуштање на тимот од „Олд Трафорд“ и сака да ја продолжи соработката и после истекот на договорот во 2023 година.
Шпанецот е дел од Манчестер Јунајтед од 2011 година кога пристигна од екипата на Атлетико Мадрид.
Неговиот сегашен и поранешен клуб, во среда ќе се соочат во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Го сакам фактот дека сум роден во Мадрид, но на крајот тоа е само град. Сега се чувствувам како да сум од Манчестер, како и сите други жители на градот. Ваш дом е местото каде што сте почитувани и сакани. Јас сум тука долги години, и искрено не се гледам себеси далеку од Манчестер Јунајтед“, вели Де Хеа.