Дарио Ивановски собори национален рекорд во полумаратон
Дарио Ивановски ја одбрани шампионската титула на Балканското
првенство кое денес се одржа во рамки на битолската трка „Трчај Бе“.
Ивановски 21 километар истрча за време од 1:04:45 часа и тоа е нов
државен рекорд во полумаратон во машка конкуренција.
Со оваа победа Ивановски ја одбрани титулата која ја освои минатата
година на полумаратонот во Тирана. На втората позиција заврши
Ахмет Алканоглу од Турција, трет беше Романецот Стефан Иулис.
Победничка во женска конкуренција беше Албанката, Луиза Гега,
една од најдорбите атлетичарки на Балканот и актуелна европска
шампионка на 3.000 метри стиплчез. Маринела Нинева заврши зад
неа, а Даевора Аврамова на третата позиција.