Двата гиганти од Манчестер наддаваат за Џереми Фримпонг

Градските ривали од Манчестер се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат англиските медиуми.

Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2025 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.

Манчестер Јунајтед и Сити го следат неговите настапи и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Фримпонг има откупна клаузула во договорот од 40 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.