Несреќа за полската репрезентација пред стартот на ЕУРО

Фудбалската репрезентација на Полска се соочува со доста проблеми на само неколку денови пред стартот на ЕУРО 2024. Прв на листата со повредени играчи пред два дена се најде напаѓачот Аркадиуш Милик кој има проблеми со коленото.

Бизарна повреда на пријателскиот дуел со Турција заработи Карол Швидерски кој после голот кој го постигна за водство на Полска, при неговата прослава се здоби со повреда на скочниот зглоб. На истиот натпревар на болку во мускулот се пожали и центарфорот Левандовски кој веднаш побара замена од натпреварот.

Полска сега пред самиот старт остана со само еден подготвен и здрав напаѓач, Кшиштоф Пјонтек. Репрезентацијата на Полска на ЕП во Германија е во исклучително тешка група со Холандија, Австрија и Германија.