Проведел се повреди, нема да брани за „аѕурите“ против Англија и Малта

Голманот на Лацио, Иван Проведел, нема да биде во можност да настапи на воведните натпревари на Италија од квалификацискиот циклус за ЕП 2024, кој започнува оваа недела. 29-годишниот играч на Лацио е во врвна форма и настапи на 27 натпревари на неговиот тим во Серија А оваа сезона, при што прими 16 голови.

Минатиот викенд го одигра и градското дерби против Рома кое го доби Лацио со минимални 1:0. Сепак, тој беше принуден да ја напушти селекцијата на Роберто Манчини поради ненадејна болест од грип.

На негово место ќе дојде Марко Карнезеки од Кремонезе, пренесуваат италијанските медиуми. Тој беше во камп со селекцијата на Италија до 21 година во Рим, но мораше да отпатува за Фиренца вчера попладне поради лошите временски услови за да се приклучи на А селекцијата во базата во Коверчиано.

Италија ги започнува квалификациите за Евро 2024 со натпревар против Англија во реприза на финалето на ЕП 2021 година, а три дена подоцна избраниците на Роберто Манчини патуваат на југ за да гостуваат кај Малта.