Фенербахче одлучи да остане во турската Суперлига

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче одлучи да не ја напушти турската лига по скандалот кога играчите беа нападнати на крајот на неодамнешниот натпревар во Трабзон.

По тој повод Фенербахче на својот стадион во Истанбул одржа вонредно собрание на кое присуствуваа 22.588 клупски членови, јавува Анадолија.

Претходно, Коц ги собра сите фудбалери со кои разговараше за можноста за напуштање на лигата и порача дека клубот „нема да попушти и да ги компромитира принципите во кои верува заради шампионски титули“. Според него, повлекувањето од лигата била една од најекстремните опции.

„Во сите наши дискусии, најмалку преферирана опција беше излегувањето од лигата. Зошто нашите момци да играат во пониска лига? Таа опција не е добра бидејќи и во пониските лиги би морале да се справат со истите проблеми како сега“, изјави Коц.

„Оваа опција ја симнуваме од маса до следното генерално собрание, кое е за три месеци. Овде им се обраќам на Един Џеко, Душан Тадиќ и Мерт Хакан: Генералното собрание сака што сакате вие. Играјте и направете го она што е потребно и донесете ни титула“.