Фиорентина нема да го откупи договорот на Артур Мело

Иако во понеделникот вечерта постигна гол за победа над Монца,
Бразилецот Артур Мело нема да остане во Фиорентина по
завршувањето на сезоната.
Оваа информација ја објави познатиот италијански новинар
Фабрицио Романо, новинар специјализиран за трансфери, кој
наведува дека Фиорентина одлучила да не ја исплати сумата од 20
милиони евра колку што е договорена неговата откупна клазула.
Најголем проблем за Мело е што не го сака ниту Јуве, па неговиот
трансфер од Барселона, кој беше платен 82 милиони евра во кој беше
вклучен и Миралем Пјаниќ сега се гледа како големо промашување.
Мело играше и за Ливерпул, имаше и многу проблеми со повреди,
додека неговата моментална цена според Трансфермаркт е 15
милиони евра.

Тој одигра вкупно 42 натпревари за Јуве, 45 за Фиорентина во сите
натпреварувања и постигна еден гол – со четири асистенции. Кога е
во прашање репрезентацијата на Бразил, тој забележа 22 настапи.