Абрахам: Од Мурињо научив најмногу досега

Фудбалерот од Англија, Тами Абрахам, изјави дека низ соработката со Жосе Мурињо во Рома, научил колку во целата негова претходна кариера.

Абрахам кој во август оваа година премина од Челзи во Рома, на прашањето зошто ја избрал Италија, изјавил дека преговарал со повеќе клубови околу негов трансфер, но после разговорот со Мурињо увидел дека Жозе има јасна цел со Рома и посакал да биде дел од тој процес.

“Кога за првпат ме побара, ме праша дали сакам да уживам на сончево време или да останам на дожд? Од почетокот сакав да останам во Англија и Премиер лигата, меѓутоа морав да донесам одлука и ја избрав Италија поради што сум многу среќен. Во овој период научив работи колку за цел живот досега“, кажал Абрахам.