Ракометните кадетки го победија Косово на патот кон Европското првенство

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија со победа ги започна квалификациите за ЕП 2027, славејќи над селекцијата на Косово со 28-22.
Иако Косово поведе на стартот од овој меч кој се одигра во салата “Расадник“ во Скопје, Македонија сепак на пауза замина со убедливо водство од 15-9.
Во вториот дел нашите млади ракометарки исто така одиграа квалитетно и на крајот славеа победа.
Глогуновска, Ѓурчевска и Филимановски запишаа по пет голови.
Инаку во оваа група Б, во првиот меч Литванија ја победи Грција со 31-17.