Гркот Павлидис пред потпис со Тотенхем

Тотенхем сериозно ја разгледува можноста да го ангажира грчкиот напаѓач Вангелис Павлидис од Бенфика.
Лондонскиот премиерлигаш внимателно ги следи неговите настапи, а според информациите на португалскиот весник „Рекорд“, редовно испраќа скаути на натпреварите на португалскиот тим за да ги анализираат неговите игри.
Павлидис има 25 години и сезонава игра во одлична голгетерска форма. Во досегашните 20 натпревари за Бенфика постигна 19 гола и забележа четири асистенции, со што го привлече вниманието на неколку европски клубови.
Според најавите, Тотенхем размислува да испрати официјална понуда за грчкиот репрезентативец. Сепак, Бенфика засега нема намера да се раздели со својот најдобар стрелец во текот на сезоната 2026/27.