Војдан Стојановски го одигра стотиот меч за селекција и доби подарок од КФМ

Капитенот Војдан Стојановски испиша нова страница во историјата на македонската кошарка.

Вечерва, искусниот бек го одигра својот 100. натпревар во дресот на националниот тим, со што стана првиот кошаркар во историјата на репрезентацијата кој стигнал до оваа бројка.

По повод големиот јубилеј, Стојановски доби специјален подарок од Кошаркарската федерација на Македонија

Симболиката беше уште поголема, бидејќи признанието му го врачи Марин Докузовски, легендарниот стручњак под чие водство Војдан и македонската репрезентација го остварија најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, освојувањето на четвртото место на Евробаскетот во Литванијаво 2011 година.