Фабрегас: Ги гледам сите натпревари на Барселона

Сеск Фабрегас е едно од имињата што се поврзуваат со тренерската иднина на Барселона.

Тој бележи одлични резултати на клупата на Комо и призна дека сè уште внимателно ги следи случувањата во својот поранешен клуб.

„Не пропуштам ниту еден натпревар на Барселона. Пред неколку дена се подготвувавме за дуелот со АЕК, а јас на телефонот го гледав натпреварот на Барса.

Моите асистенти мораа да ме потсетуваат дека имаме важен меч пред нас“, откри Фабрегас.

Поранешниот играч на каталонскиот клуб е меѓу потенцијалните кандидати за тренерската позиција во иднина, иако Ханси Флик има договор до летото 2028 година.