Гигант од Египет го сака Станковиќ на клупата

Дејан Станковиќ сè уште не успева да пронајде сериозен тренерски ангажман по заминувањето од Црвена звезда во август, но сега од Египет пристигнуваат информации дека би можел да ја преземе клупата на Ал Ахли од Каиро.
Најголемиот египетски клуб неодамна го смени тренерот, а тамошните медиуми објавуваат дека српскиот стратег се наоѓа на листата потенцијални кандидати за негов наследник.
Сепак, според истите извори, Станковиќ не е прв избор на раководството. Предност засега има хрватскиот тренер Крунослав Јурчиќ, кој наводно е главната желба на челниците на клубот.
Српскиот стратег претходно се споменуваше и како кандидат за тренерската позиција во Лудогорец, но не успеа да постигне договор со раководството на бугарскиот клуб. Останува да се види дали неговата следна тренерска авантура ќе биде на африканскиот континент.
Очигледно е дека Станковиќ по неуспешниот втор мандат во Црвена звезда има проблем да пронајде клуб што ќе одговара на неговите амбиции, особено кога станува збор за финансиските услови. Засега не успева да дојде до ангажман со договор каков што имаше во московски Спартак.