Арсими последен четвртфиналист на Купот

Арсими со 3-1 ја победи Брера Струмица и го комплетираше списокот на четвртфиналисти во фудбалскиот Куп на Македонија.

Поради настапите на младинскиот тим на Брера во Лигата на шампионите, овој меч беше одигран во посебен термин.

Брера водеше по првото полувреме со 1-0, но во вториот дел Арсими заигра многу подобро и победи со 3-1.

Претходно, покрај Арсими место во четвртфиналето обезбедија Скопје, Струга, Вардар, Силекс, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија Арачиново.