Алкалоид го декласира помладиот „брат“

Ракометарите на Алкалоид убедливо го совладаа Мулти Есенс во домашниот ракометен шампионат. Алкалоид славеше со 39-23, во натпревар во кој победникот практично беше решен уште во првото полувреме.
Алкалоид на паузата имаше убедлива предност од 20-14, а во продолжението дополнително ја зголеми разликата за конечна победа.
Најефикасен во победничкиот состав беше Дамјан Митев со 11 погодоци, од кои пет од седум метри.
Одличен настап имаше и Александар Петковски со осум гола, додека Емилијан Ѓорговски постигна четири. Голманот Иван Галевски забележа 12 одбрани.
Кај Мулти Есенс, Јаков Трајковски беше најпрецизен со четири гола