Лисандро Мартинез заминува од Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Лисандро Мартинез дефинитивно ја игра последната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед откако јасно му е ставено до знаење дека нема да добие нов договор, а актуелниот му истекува во јуни 2027 година.

Клупските директори се разочарани не само од слабата форма на екс-фудбалерот на Ајакс, туку и од неговото однесување, како и отворените критики кон Мајкл Карик додека тој беше на чело на клубот.

Диего Симеоне верува во својот сонародник, а по трансферот на Ромеро од Тотенхем сега сака да доведе уште еден аргентински дефанзивец во Атлетико Мадрид.

Шпанскиот клуб е подготвен да понуди скромни 10 милиони евра за јануарски трансфер, а на Јунајтед е да одлучи, дали да прифати или да го чува Аргентинецот до лето, кога тој без никаква отштета би си заминал од „Олд Трафорд“.