Ендрик ќе скокне три натпревари на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид Ендрик ќе отсуствува од терените во следниот период поради повреда на бутните мускули на левата нога, објави денеска Кралскиот клуб.

Реал не прецизираше во соопштението колку време ќе трае закрепнувањето на Ендрик.
Од друга страна, весникот „Марка“ објави дека клубот очекува 20-годишниот бразилски напаѓач да биде надвор од терените во следните две недели.

Ендрик одигра осум натпревари за мадридскиот клуб оваа сезона и постигна еден гол, а има и една асистенција.