Перишиќ највозрасен стрелец од пенал во ЛШ

Иван Перишиќ продолжува да ги поместува границите и на 37-годишна возраст. Хрватскиот фудбалер од ПСВ испиша историја во Лигата на шампионите, откако стана највозрасниот играч кој реализирал пенал во најелитното европско клупско натпреварување.
Перишиќ го постигна голот во дуелот од петтото коло против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Во моментот на постигнувањето на голот, Перишиќ имаше 37 години и 295 дена, со што го постави новиот рекорд во Лигата на шампионите за највозрасен стрелец од пенал.
Хрватот постави и уште еден рекорд – стана највозрасниот фудбалер кој постигнал гол против Реал Мадрид во историјата на натпреварувањето.