Влаховиќ ќе биде замената за Кејн во Баерн?

Баерн Минхен наводно ја разгледува можноста за ангажман на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој би можел да пристигне на „Алијанц арената“ како замена за Хари Кејн.

Меѓу имињата што се споменуваат е и 26-годишниот српски репрезентативец, кој моментално настапува за Бешикташ.

Влаховиќ пристигна во турскиот клуб пред само четири месеци и има договор до 2029 година.

Поради неговите одлични настапи, Бешикташ сигурно ќе бара сериозна финансиска отштета доколку Баерн навистина испрати понуда.

Проценетата пазарна вредност на Влаховиќ изнесува 32 милиони евра, па останува да се види дали германскиот шампион ќе ја плати таа сума.