Македонија неочекувано загуби од Кипар во „Градски Парк“

Македонската кошаркарска репрезентација претрпе тежок пораз од Кипар со 75:85 во Скопје, во натпревар од третото коло во втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Пораз кој може да има голема тежина во борбата за пласман во следната фаза, особено ако се има предвид дека Кипар беше директен конкурент на нашата селекција.
Македонија имаше добар почеток и на полувремето имаше минимална негатива од 42:43. По третата четвртина разликата остана само еден поен, но во последните десет минути гостите направија клучна разлика. Кипарската селекција ја доби последната четвртина со 31:20 и стигна до значајна победа.
Најефикасен во македонскиот состав беше Ненад Димитријевиќ со 30 поени, пет скока и шест асистенции. Стојан Ѓуроски постигна 11, а Војдан Стојановски девет поени.
Кај Кипар, Филипос Тигкас беше прв стрелец со 25 поени, додека Јоанис Пасјалис постигна 14.