Познзти групите за У21 Европското првенство во Албанија и Србија

Европското првенство за фудбалери до 21 година во 2027 година ќе се игра од 16 јуни до 3 јули, а домаќини на континенталниот собир ќе бидат Србија и Албанија. Двете земји, како организатори, имаат обезбедено директен пласман на завршниот турнир.

Вечерва во Белград беше одржана ждрепката за групната фаза, по која беа познати составите на четирите групи. Пред извлекувањето беше утврдено Србија да биде сместена во групата А, а Албанија во групата Б, додека останатите репрезентации беа распределени во трите шешири.Реклам

Групите за Европското првенство до 21 година во 2027 година:

  • Група А: Србија, Англија, Франција, Полска
  • Група Б: Албанија, Шпанија, Италија, Финска
  • Група Ц: Португалија, Хрватска, Грција, Чешка
  • Група Д: Германија, Холандија, Норвешка, Белгија

Натпреварите ќе се играат на осум стадиони, по четири во двете земји домаќини. Во Србија, мечевите ќе се организираат на стадионот на Партизан во Белград, „Дубочица“ во Лесковац, „ТСЦ Арена“ во Бачка Топола и „Лагатор“ во Лозница.

Албанија, пак, ќе биде домаќин на натпреварите на „Арена Комбетаре“ и „Арена е Демаве“ во Тирана, „Лоро Боричи“ во Скадар и „Елбасан Арена“ во Елбасан.