Александар Љафтов големо засилување за УГД Штип

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Штип УГД. Клубот вчера го најави неговото доаѓање, а денеска и официјално го потврди трансферот на еден од најдобрите македонски одбојкари.

Љафтов е еден од носителите на македонската одбојкарска репрезентација повеќе од 15 години. Минатата сезона ја помина во дресот на Бурган од Кувајт, а потоа ја заврши во Унгарија во екипата на МАВ Елоре.

Штипјани во Љафтов добиваат сериозно засилување во очекување на новата сезона во која клубот ќе го има дебито во најсилното натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ.