Алкалоид загуби во Велење, но се пласира во осминафиналето на ЕХФ Купот

РК Алкалоид успеа да обезбеди место во осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп и тоа благодарение на добрата игра на првиот натпревар.
На реваншот беа поразени од Горење со 29-23 (13-11).
Противникот покажа дека е незгоден тим на одморот имаше позитива од два гола 13-11, и тука не застана.
Во второто полувреме Алкалоид беше целосно надигран, во еден момент Горење Велење водеше со шест гола разлика 26-20, 27-21 и 28-22).
Сепак македонскиот тим не дозволи овој меч да ескалира и го приведе без да има драматична завршница.
Цехте со шест гола беше прв стрелец, Дамјан и Марко Митев, и Никола Костески имаа по три погодоци.