Ливерпулското дерби без победник, залудно раното водство на „црвените“

Евертон и Ливерпул одиграа без победник 1-01 во меѓусебната градска пресметка. После голема борба и многу возбудувања, на крајот двете екипи освоија по еден бод.Реклама
Ливерпул уште во 5. минута успеа да поведе со голот на Собослаи. Унгарецот добро зафати една топка, и го совлада Пикфорд.
Евертон израмни во 25. минута. По изведен корнер, Фримпонг беше невнимателен и си ја затресе сопствената мрежа, и го израмни резултатот.
Во вториот дел и двата тима играа повнимателно, но Ливерпул ја имаше најсериозната шанса за победа и не ја искористи Ван Дајк на стартот. Дезбури-Хал ја имаше шансата за Евертон, меѓутоа со шут го погоди само својот соиграч.