Роналдо: Горд сум на успехот на Ал-Наср

Екипата на Ал Наср за која настапува Кристијано Роналдо, постави светски рекорд откако на сто последователни натпревари успеа да постигне барем еден гол, објавија медиумите во С. Арабија.
Саудискиот клуб вчера го совлада Ал-Хазем во 13-тото коло во домашниот шампионат а стрелец на голот беше играчот од средниот ред, Саму Коста. На постигнатиот ефект реагираше Португалецот кој се огласи преку социјалните мрежи.
„Одлична победа а воедно и 100 последователни лигашки натпревари на кои нашиот тим постигнал гол! Горд сум што сум дел од тоа“.