Војчех Шчесни заминува во фудбалска пензија

Војчех Шчесни повторно е пред заминување во фудбалска пензија, но овој пат неговата одлука би можела да биде конечна. Според информациите од шпанските медиуми, Барселона нема намера да му понуди нов договор на искусниот голман, чија актуелна соработка со каталонскиот клуб истекува во јуни 2027 година.
Шчесни во април ќе наполни 37 години, а според информациите на „The Athletic“, тој е единствениот фудбалер од првиот тим на Барселона чиј договор завршува на крајот од актуелната сезона.
Клубот веќе ја планира иднината на голманската позиција. Жоан Гарсија ќе остане прв избор на тренерот Ханси Флик, додека Доминик Ливаковиќ е предвиден за негова замена. Хрватскиот репрезентативец пристигна од Фенербахче, а во Барселона сметаат на него во наредниот период.
Полјакот во Барселона пристигна во октомври 2024 година, кога клубот се соочи со сериозната повреда на Марк-Андре тер Штеген. Иако претходно веќе објави дека ја завршува кариерата, Шчесни ја прифати понудата на Каталонците и се врати на терените.
Во првата сезона остави одличен впечаток, забележа 30 настапи и освои три трофеи со Барселона. Вкупно досега има 43 натпревари за каталонскиот тим, но во актуелната сезона неговата улога е значително намалена.
Останува да се види дали Шчесни по истекот на договорот повторно ќе ја избере фудбалската пензија или ќе побара нов предизвик, но заминувањето од Барселона во моментов изгледа сè поизвесно.