Италијански кошаркарски гигант во големи финансиски проблеми

Кошаркарскиот состав, Виртус Болоња, ќе ја заврши годинава со финансиска загуба од 15,1 милион евра.
Во Болоња постојат очекувања дека преселбата во „Унипол Арена“ ќе ги зголеми приходите од натпреварите на домашен терен. Новата арена има капацитет од 10.500 седишта.
Првиот официјален натпревар на Виртус таму е закажан за 11 декември кога тимот ќе го пречека Макаби (Тел Авив) во 16-тото коло од Евролигата.