Шпанија ќе ја предизвика Италија во финалето на Дејвис купот

Дејвис куп репрезентацијата на Шпанија ја оправда фаворитската улога во полуфиналето со Велика Британија и заслужено обезбеди ново финале во престижното тениско натпреварување.
Најпрвин Ходар не му даде многу шанси на Нори, победувајќи го со 6-2, 7-5, за во вториот меч Карлос Алкарас да издоминира против Фери.
Шпанците фактички ја обезбедија победата по дуелите во сингл, а Алкарас успеа да го добие Фери со три загубени гејмови по само 73 минути на теренот.
Алкараз го потврди пласманот во финалето, а во него Шпанците ќе имаат понезгоден противник, односно домаќинот Италија.
Италија обезбеди место во финалето, совладувајќи ја Чешка со 2-1, а тоа значи реприза на ланското финале во кое „азурите“ славеа со 2-0.