Итан Мбапе потпиша нов договор со Лил

Францускиот прволигаш Лил го објави деенска продолжувањето на договорот со играчот од средниот ред Итан Мбапе, кој ќе остане во клубот до лето 2029 година.

Деветнаесетгодишниот Итан му се приклучи на Лил во летото 2024 година од ПСЖ, каде настапуваше со својот постар брат Килијан, кој потоа се пресели во Реал Мадрид.

„Многу сум среќен што ја продолжувам оваа авантура со Лил. Благодарен сум на клубот, кој секогаш ме поддржуваше и никогаш не ме напушташе, дури и за време на моите повреди. Се чувствувам среќен тука, во многу добри услови за мојот развој. Сега се стремам да продолжам да се развивам и напредувам, надевајќи се дека ќе освојувам трофеи со тимот“, изјави Итан Мбапе.

Оваа сезона францускиот фудбалер одигра 12 натпревари за Лил, постигнувајќи два гола, а додаде и три асистенции