Англичаните ограбени среде Мундијал

Непријатна ситуација ја погоди репрезентацијата на Англија непосредно пред нејзиниот прв настап на Светското првенство, откако од базата на селекцијата исчезнала поголема количина спортска опрема.

Според американските медиуми, меѓу украдените предмети се наоѓаат копачки на фудбалерите, опрема за тренинзи, реквизити што ги користи стручниот штаб, топки, како и официјални дресови и друга опрема предвидена за натпреварите.

Во таборот на Англија веднаш биле преземени мерки за расчистување на случајот, а во истрагата се вклучила и локалната полиција. Надлежните работат на пронаоѓање на исчезнатите предмети или обезбедување замена за неопходната опрема, со цел подготовките на селекцијата да продолжат без поголеми проблеми.

Последните информации од Канзас Сити говорат дека полицијата привела две лица кои се поврзуваат со кражбата, додека истрагата за целиот случај сè уште е во тек.

Aнглија својот прв натпревар го игра в среда и тоа против селекцијата на Хрватска, а во групата се уште репрезентациите на Панама и Гана.