Анисимова се намачи да се пласира во третото коло на Вимблдон

Ланската финалистка на Вимблдон Американката Аманада Анисимова, која во првото коло ја победи македонската тенисерка Лина Ѓорческа попладнево многу потешко од очекуваното избори трето коло. Таа во рамки на втората рунда ја победи сонародничката Софија Кенин со 2-1 во сетови.
Во првиот сет Анисимова беше сигурна и сетот го доби со 6:2 во гемови. Но, потенцијалното изненадување беше најавено во вториот сет кога Кенин изедначи откако го освои сетот со 6:4.
Во решавачкиот сет се играше тај брејк, а Анисимова во овој дел од играте беше сигурна и ја потврди фаворитската улога добивајќи го „13.тиот гем“ со 10:3 на поени.
Во следната рунда Анисимова ќе игра против уште една Американка Медисон Кејс.