Анчелоти го храбри Азар: Еден треба повеќе да верува во себе

Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим нема да го потцени Шахтјор, иако во првиот меч во Украина победи со високи 5-0.

„Натпреварот е од големо значење бидејќи пораз или победа ќе промени многу. Ако бидеме поразени после ќе мора сигурно да победиме во последните два меча. Сигурен сум дека тимот ќе даде се од себе за да ги освоиме трите бода“, изјави Анчелоти.

Потоа Италијанецот доби прашање дали проблемите на Азар можеби се од ментална природа.

„Азар тренира добро и му преостанува само една работа. Треба да има надеж, треба да верува дека ќе дојде неговиот момент. Треба да го следи примерот на својот соиграч Маријано Дијаз кој одигра одлично против Елче. Едноставно треба да верува во себе и да биде професионалец“, истакна Анчелоти.