Анчелоти: Имавме големи проблеми во нападот

Фудбалерите на Бразил одиграа нерешено со Мароко 1-1 во првиот меч во групата Ц на Мундијалот во САД, Мексико и Канада иако „кариоките“ беа фаворити на хартија. Нивниот селектор, Карло Анчелоти, направи проценка како се одвиваше мечот.
„Имавме неколку проблеми, тимот не беше избалансиран, губевме многу топки и во тој сегмент мора да бидеме подобри. Во второто полувреме имавме проблеми со одбраната на Мароко“, рече Анчелоти.
Бразилците во втората рунда ќе излезат на мегдан со Хаити кој на стартот загуби минимално од Шкотска со 1-0.