Анчелоти: Нападот ни е одличен, но одбраната има проблеми

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по победата од 5-2 над Селта вели дека тимот одиграл според договореното.

„Речиси се помина добро. Играта се уште не е совршена. Навивачите многу ни помогнаа. Имавме две дефанзивни грешки на кои треба да работиме. Во исто време, нашиот напаѓачки потенцијал е неверојатен. Секако, мора да бидеме подобри во одбраната. Добро реагиравме и тоа ни помогна да победиме, но не треба да ги даваме тие топки така лесно. Треба да постигнеме рамнотежа. Ќе зборуваме за она што не успеавме да го направиме“, вели Анчелоти.