Аријас човек на одлука, Колумбија во осминафиналето на Мундијалот

Колумбија минимално со 1-0 ја победи Гана во последниот меч од 16-финалето на Светското првенство.

Со овој триумф, Колумбија си обезбеди место меѓу најдобрите 16 селекции на турнирот во САД, Канада и Мексико.

Момент на средбата се случи на почетокот, односно во 14 минута кога Џон Аријас погоди за 1-0, што на крајот се покажа дека ќе биде единствен гол.

Колумбија по четврти пат во историјата ќе игра во осминафиналето на СП.

Противник ќе им биде Швајцарија, дуел на кој Колумбија ќе се обиде да стигне до четвртфиналето и да го повтори најголемиот успех во нивната историја, тој од СП 2014 кога беа меѓу најдобрите осум селекции во светот.