Арсенал се пофали со потписот на Цолис

Продажбата на Леандро Тросар, значеше дека Арсенал ќе мора да најде засилувања на крилните позици. Така официјално е ангажиран грчкиот репрезентативец Христос Цолис од Бриж. Трансферот е некаде околу 40 милиони евра.
Цолис за Бриж одигра 108 меча, низ кои постигна 43 гола, а запиша и 45 асистенции. Има 34 настапи за сениорскиот грчки национален тим.
Тој почна да игра во ПАОК, а потоа се сели во Олимпијакос. Во 2021 година потпиша за Норич, од каде беше на позајмици во Твенте и во Фортуна Дизелдорф. Во 2024 година, крилниот напаѓач се сели во Бриж, кад што доживеа експанзија и го сврте вниманието кон себе.
Самиот фудбалер е задоволен од трансферот во Арсенал.