Артета: Можеме да ја продолжиме победничката серија

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, е импресиониран од изданието на неговиот тим во второто коло од Лигата на шампионите против Лил.
Арсенал синоќа го победи Лил со 3-0 на домашен терен.
– Беше задоволство да го гледам натпреварот. Сите три гола беа фантастични – тимската работа, времето, квалитетот на изведувањето. Три различни играчи постигнаа голови, а целиот тим беше вклучен во головите. Генерално, многу, многу сум задоволен. Се најдовме во многу опасни позиции неколку пати во првото полувреме. Малку го реорганизиравме тимот на полувремето, а квалитетот на нашата игра се подобри. Почнавме подобро да ги користиме шансите, истакна Артета по натпреварот.
Тој, исто така, коментираше за 14-тата последователна победа на Арсенал во Лигата на шампионите.
-Ова зборува за нашата конзистентност. Продолжуваме да играме на нашиот стил и да демонстрираме високо ниво на овој турнир. Уверен сум дека можеме да ја продолжиме нашата серија, но овие резултати мора да се заслужат, конкуренцијата тука е многу силна, додаде тренерот.
Арсенал, со шест бода, е трет во генералниот пласман во Лигата на шампионите, зад Барселона и Спортинг, кои исто така имаат по шест бода.