Артета сруши рекорд на легендарниот Венгер
Тренерот на лондонскиот Арсенал, Микел Артета, го предводеше тимот до победа во натпреварот од 15. коло од англиската Премиер лига со Челзи (1-0).
За 40-годишен тренер ова беше 87. победа во 150 средби на кормилото на тимот. Според овој показател, тој е најдобар тренер на Арсенал: Арсен Венгер, кој го зазема второто место во оваа ранг листа, има 82 победи. Исто толку победи има и Џорџ Грем (82). Артета беше играч на Арсенал од 2011 до 2016 година, кога ја заврши кариерата. Подоцна, тој беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а од декември 2019 година ја започна својата самостојна тренерска кариера во Арсенал.
Оваа сезона тимот под негово водство има освоеноа 34 поени во 13 натпревари од шампионатот на Англија и го зазема првото место на табелата пред Манчестер Сити (32 бода).