Баерн Минхен пред празни трибини против Барселона

Екипата на Баерн својот последен натпревар на Алианц арена од групната фаза во Лигата на шампионите против Барселона ќе го игра без присуство на публика.

Имено, покраинските власти во Баварија, одлучија да воведат построги мерки поради зголемениот број на новозаразени од Ковид 19,а една од мерките е забрана за присуство на публика на сите спортските манифестации. 

За тимот на Барселона ова е добра вест бидејќи за да се пласира во елиминационата фаза во Лигата на шампиони ќе мора да забележи победа над германскиот шампион ако не сака да зависи од исходот на дуелот меѓу Бенфика и Динамо Киев.